Расте бројот на одложени натпревари во Премиерлигата
Foto

Расте бројот на одложени натпревари во Премиерлигата

Дуелот од 18. коло меѓу лондонски Вест Хем и Норич е последниот во низата одложени натпревари во Премиер лигата овој викенд поради сè поголемиот број заразени со коронавирус во клубовите.

Од порано се одложени и натпреварите Лестер – Тотенхем, Саутемптон – Брентфорд, Ватфорд – Кристал Палас и Манчестер јунајтед – Брајтон.

Норич и на претходниот дуел против Астон Вила имаше неколку позитивни случаи на коронавирус во своите редови, но, во меѓувреме, бројот на заразени драстично се зголеми поради што дуелот против Вест Хем, закажан за в сабота, мораше да биде одложен, соопшти клубот.

0 Коментари

Остави коментари