Расте бројот на независни листи за претстојните локални избори
Foto

Расте бројот на независни листи за претстојните локални избори

Расте бројот на независни листи за претстојните локални избори. „Охрид пред се“ ја поднесе својата независна листа на кандидати за советници во Советот на општина Охрид. Велат, изминатиот период ги дефинирале програмските определби.

„Општиот интерес да биде секогаш пред личниот и партискиот, квалитетно управување со човечкиот потенцијал, рационално и транспарентно управување со општинскиот буџет, поголема посветеност и стручност при палицирање за финансирање од европските фондови, поефикасна соработка со бизнис заедницата, подобра инфраструктура, поквалитетно и деполитизирано образование.“ - изјави Леона Кичеец кандидат за советник.

Во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија досега се собрани потписите за четири независни советнички листи за локалните избори. Тоа се листата на кандидати за советници за Општина Центар, советничката листа за општина Кавадарци, советничката листа за општина Росоман и советничката листа за општина Кочани. Се собираат потписи за уште 22 независни кандидати за градоначалник и членови на советот, а рокот е до 30 август.

И партиите продолжуваат со кроењето на кандидатските листи за градоначалници. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ излезе со нови  имиња, но без кандидат за Скопје. Следната недела владејачката СДСМ на Извршен одбор ќе ги каже своите фаворити за градоначалници. Најавија дека до 25 август  ќе ги кажат конечните листи. официјално останува најавата за коалицирање со ДУИ и БЕСА во одредени општини дел во првиот круг а дел и во вториот.

ДУИ  засега во Чаир, Струга и Сарај оди со актуелните имиња. Алијансата за Албанците и Алтернатива со старо-новите кандидати одат во  Гостивар, Дебар, и Чаир. Македонскиот и албанскиот опозициски блок најавија заеднички настап во дел од општините но не ги прецизираа деталите.

0 Коментари

Остави коментари