Расте бројот на наркозависници во охридско, најмладиот има само 19 години
Foto

Расте бројот на наркозависници во охридско, најмладиот има само 19 години

Се зголемува бројот на наркозависници кои се лекуваат во Охридскиот  Центар за лекување на зависност.Нивниот број се искачи на 170, најмладиот пациент има само 19 години а најстариот пациент е на возраст од 60.Освен од Охрид доаѓаат од Струга, Кичево и Дебар.

Според обемот на работа овој центар е најголем по бројот на пациенти во внатрешноста на земјава, но она што најмногу ги загрижува лекарите е зголемувањето на потребата за лекување малолетни зависници.

„Се зголемува потребата од третман и на пацинети. Однос мажи на жени и кај нас е како во светски рамки. Во било кој третман на зависност 10% се жени. Исто е и кај нас. Третираме опијатна завсност по медицина третирана на докази по протоколот на Минситерството за здравство. Персоналот е максимално обучен. Ги третираме пациентите кои се во рпитворот Охрид,во малолетничкиот затвор и во затворот Тефериџ Струга. Лекуваме само полнлетни пациенти. Спомнав малолетнички затвор, но ние ги третираме тие што се полнолетни. Има изготвен пртокол и секој момент се очекува  да биди за лицата кои се малолетни. Така да за тоа не можам да коментирам тоа е протокол од министерството за здравство. Меѓутоа колку што  разбирам и знам ќе оди во третман на педијатрија. Има голема потреба за третман на малолетни  деца, но тоа бара посебен протокол ние сме за  полнолетни. Затоа што рпетпоставено нема фармаколошки нема да се третираат, туку со други методи на лекување.“ - изјави Весна Лаброска  општ лекар и шеф на центарот за зависности.

Докторите велат дека пациентите остануваат на доживотно лекување. Во светски рамки само 1 %  успеваат  без опијати,  докажано е  дека се сметаат за излекувани тогаш кога се стабилизирани.

„Одредено штетно однесување да се намали и да се сведе на минимум. Излекувањето значи стабилизација на пациентот. Спомнав дека зборуваме за медицина базирана на докази  и опијатната зависност единствено се лекува со супституција. Тогаш кога  ќе се остане во гранца на пропишаната супституција  се смета за стаблизран односно излекуван пациент. Тие не се видливи во општеството тие функционираат  со својот животен ритам и семејства и заради тоа не може да се добие впечаток. Тие што не се стабилизирани и се уште се борат со својата болест тие се видиливи во општеството.“ - додава Лаборска.

Во Центарот за превенција и третман на болести од зависност во Охрид се лекува  опијатна бензодијазепинска  и Техаце зависност. Пациентите добиваат заменска медицинска терапија  и консултативни разговори.

0 Коментари

Остави коментари