Растат тензиите меѓу Украина и Русија

Русија заврши со распоредување на армијата и нападот би можел дас е случи во секој момент, предупредуваат украинските власти. Спиред најновата разузнавачки податоци на украинското министерство за одбрана, Русија сега има распоредено повеќе од 127.000 војници на граниоцата меѓу двете земји.

Новите проценки укажуваат и дека Русија поддржува повеќе од 35.000 бунтовници кои се наоѓаат во источна Украина и дека таму има стационирано околу 3.000 воен персонал. Во пресрет на новата рунда преговори меѓу САД и Русија закажана за петок, администрацијата на американскиот претседател соопшти дека обезбедила дополнителни 200 милиони долари воена помош за украинa поради зголемените стравувања од руска инвазија.

„Трупањето на руската војска на границата создаде крајно опасна ситуација. На средбата со Лавров, блинкен јасно ќе нагласи дека кризата може да се реши со дипломатски средства.“ - изјави Џен Псаки портпарол на Белата куќа.

Во меѓувреме, германската влада најави дека би можела да се одлучи за запирање на гасоводот „Северен тек 2“ доколку Русија ја нападне Украина. Новиот германски канцелар, Олаф Шолц во Берлин оддржа нов состанок со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за да се утврдат следните чекори во однос на кризата во Украина.

„Од Русија очекуваме да ја смири ситуацијата а под тоа се подразбира намалување на бројот на војници на границата со Украина. Подготвени сме да почнеме почнеем сериозен дијалог со Русија во однос на безбедносните прашања во Европа.“ - изјави Олаф Шолц.

Жителите на градот Донецк, кој важи за упориште на сепаратистите, велат дека се уморни од секојдневните конфликти и дека очекуваат после долги години да се најде решение на спорот и работите да почнаст да се двиќат напред.

„Уморен сум, од војната, уморен сум од тоа секојдневно да гледам тенкови на улиците, уморен сум од полицискиот час. Млад човек сум, сакам да искочам навечер, но за жал не можам.“

„Мораме да постигнеме некаков договор. Поминаа осум години од стартот на конфликтот и уште сме на исто место. “

Официјална Москва негира дека планира напад врз својот јужен сосед, но побара гаранции дека НАТО нема да се прошири во Украина и дека нема да има распоредување на оружје во соседните земји. Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков го повика Западот да престане да ја вооружува Украина, притоа, нарекувајќи ја целокупната ситуација критична. Во меѓувреме, Русија започна нова воена вежба, овој пат заедно со Белорусија.