Раст од 2,7 проценти на индустриското производство во септември на годишно ниво
Индустриското производство во септември годинава е зголемено за 2.7 проценти во однос на септември минатата година, а за 2,3 проценти во периодот јануари – септември 2025-та споредено со истиот период од 2024-та, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во секторот Преработувачка индустрија, во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, регистриран е раст од 3,1 процент на индустриското производство, а опаѓање од 2,5 проценти во Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација и од 1,7 проценти во Рударство и вадење на камен.

