Раст на трошоците на живот во март - повисоки цени на маслото за јадење, овошје, шеќер
Foto

Раст на трошоците на живот во март - повисоки цени на маслото за јадење, овошје, шеќер

„Животот станува се поскап. А она што го забележуваат граѓаните го регистрира и Заводот за статистика. Во март годинава споредбено со истиот месец лани трошоците на живот се зголемени а пораст се забележува и кај цените на мало.“

Се стега кесето на граѓаните - за само една година трошоците на живот и цените на мало зголемени за  2,1 отсто и  2,6 отсто. Во месец март годинава споредбено со истиот месец 2020 та, Заводот за статистика регистира повисоки торшоци и тоа: 

- 1.6 проценти за леб

-  14 проценти за малсо и маснотии

-  2,3 проценти за шеќер џем, мед, чоколада

-  за 4,3 проценти пораснале трошоците за тутнот и алкохолот. 

Граѓаните велат едвај се врзува крај со крај. Реагираат платите и пензиите се многу ниски, а животот поскапува. Цената за литар масло за јадење достигна и 95 денари. Нови зголемувања граѓаните очекуваат и пред велигденските празници. 

Пазарџиите поделени - за едни цените се зголемиле, други, пак велат останале исти. 

Според последните податоци на статистика, од март 2020 до март 2021 значително зголемување на трошоците има и кај струјата и тоа за 7,4 отсто, снабдувањето со вода за 1,5 проценти, во март, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај собирањето на отпадните води за тоа за 7 проценти.

0 Коментари

Остави коментари