Раст на минималната плата - економски оправдан потег или популизам?

359 евра - Македонија ја има една од најниските минимални плати во Европа што е петто најниско ниво во цела Европа, покажува истражувањето на Сојузот на синдикати со поддршка на фондацијата „Фридрих Еберт“.

ССМ бара итно зголемување на минималната плата на 18.000 денари и спирално зголемување на сите останати плати. Новата министерка за труд и социјала, Јована Тренчевска, уверува дека владата планира покачување на минималната плата - до 20 илјади денари до крајот на нејзиниот мандат

За дел од експертите Зголемувањето на минималната плата нема  да има негативен ефект врз фирмите и  нивната профитабилност. 

- Минималната плата во Северна Македонија е меѓу најниските во Европа. Може се уште да се зголемува  имајќи ги предвид трошоците на живот. 22% од луѓето живеат во сиромаштија (меѓу највисоки стапки во Европа), 5% живеат во екстремна сиромаштија (со помалку од 40 денари на ден), 9% од вработените живеат во сиромаштија. - вели Бранимир Јовановиќ универзитетски професор.

Бизнис заедницата треба да се изјасни како гледа на предлогот на синдикатите. Кои во понеделник треба да имаат средба во Владата за да ги испорачаат барањата за зголемување на минималната плата и недела неработен ден. Доколку не најдат заеднички јазик синдикатот најавува генерален штрајк.