Раст на цените: Пресметки ќе прават и мелничарите, а млекото и млечните производи се веќе во пораст
Глобалната трговија на пченицата засега не влијае врз цената на лебот во земјава, засега мелничко пекарската индустрија не размислуваат за корекција на цените на лебот и печивата. Од Агро - бизнис комората при ССК за ТВ 24 велат дека има зголемување на цената на пченицата на берзите но тоа не значи дека основниот прехранбен производ веднаш ќе поскапе. Крајниот збор ќе го дадат кон средината на идниот месец. Сериозен притисок врз цените прави поскапувањето на млечните и месните производи кои се употребуваат во печивата, питите, бурекот, и останатите слични артикли.
„Состојба секојдневно се следи, но засега нема најави од страна на компаниите дека ќе има зголемување на цените на лебот и печивата. По излегување на Русија од Договорот за извоз на украинско жито, цените на берзите се зголемија околу 15 отсто. Исто така и покачувањето на млечните и месни производи има удел, затоа што и овие продукти партиципираат во пекарската индустрија. Внимателно се следи ситуацијата и секој производител утврдува дали ќе ги покачи цените или ќе продава по исти цени.“
Синдикалците сметаат дека владата мора да излезе со нови мерки. Висината на платите кои ја добиваат граѓаните не е доволна за сите трошоци кои ги имаат домаќинствата.
„Инфлацијата која не зафати од ланската година, со порастот на цените и со најавата за зголемување на цените од септември како на пекарските производи и на цените кои ги имаме на пазарите а со тоа состојбата на вработените се доведува во многу потешка состојба. Морта државата да превземе некои дополнителни мерки.“
Дека нов ценовен шок во земјава е на повидок, потврда даваат цените на млечните производи кои веќе се продаваат по повисоки цени а во најава е и дополнително зголемување на нивните но и на финалните цени на месните производи кои ги плаќаат граѓаните. Од Министерството за економија за ТВ 24 велат дека доколу утврдат дека се потребни нови мерки ќе реагираат како и во претходните случаи.
„Мерки кои може да се превземат како форми на поддршка се ограничувањата на цените во трговијата, предвидени во исклучителни случаи, односно во услови на кризна состојба. Министерството за економија таквата пракса ја спроведе во време на Ковид кризата и енергетската криза. Во однос на државна помош на суровини за основните прехранбени производи надлежност има МЗШВ.“
Од септември и на околу 1000 прехранбени производи ќе им се зголеми ДВД-то, а со тоа ќе добијат и нови повисоки цени, поради тоа што владата преку измени на закон ги стави во категоријата луксузни производи. Според информациите добар дел од тие производи граѓаните редовно ги купувале и конзумирале.