Расправа во Собранието за избор на Елизабета Дуковска за уставен судија
Предлогот за Елизабета Дуковска да биде нов уставен судија е пред пратениците. Дуковска се предлага на местото на судијката Вангелина Маркудова, чиј мандат истече минатата година. Таа беше предложена од Судскиот совет.
Предлогот јавниот обвинител Љубомир Јовески да биде избран за уставен судија е заглавен во матичната Комисија за прашања на избори и именувања.