Распит на обвинетите во случајот „Титаник 3“
Foto

Распит на обвинетите во случајот „Титаник 3“

Пред крајот од судскиот процес за изборни нерегуларности Исмет Гури, функционер од ДУИ остана на ставот дека е политички гонет во 'Титаник 3“. После шест години од локалните избори од Чаир, обвинетиот Гури детално раскажуваше за текот на гласањето и тврди дека се било чисто и без поплаки, а тој не правел притисок за преправање на гласовите во корист на тогашниот кандидат од интегративците- Изет Меџити. Распитот го почна емотивно со неколку солзи во судница. 

Неговиот сопартиец и актуелен пратеник Ејуп Аљими останува да ја раскаже својата верзија за едно од наредните рочишта. Во меѓувреме судот ќе ја бара Ресиме Бислимова во Германија за да сведочи , а ако не успее физички, ќе ја поврзат да раскаже за настанот преку видео конференциска врска. Таа е еден од клучните сведоци на СЈО кој во истрага раскажувал за притисоци од обвинетите. 

Телоп- обвинение- Обвинетиот Исмет Гури во канцеларијата која ја користела Комисија во Чаир во првиот спрат од Општина Чаир, му наредил на сведокот Т.К.-претседател на Одбор и го присилил да го преправи записникот за гласање, сумирање и утврдување на резултати од гласањето од Одбор за избирачко место... при што наместо бројот 231 гласа за политичката партија бројката е преправена во 281.  

Процесот Титаник 3 два пати се враќаше од почеток, поради промена на главната судијка Гордана Спиревска, потоа по лично барање за изземање беше сменета и судијката Оља Ристова. Овој процес ќе остане запаметен и по изјавата на обвинетиот Ејуп Аљими кој на судијката и порача дека во судница „прво е пратеник, па обвинет“, во една прилика додека бараше одложување на рочиште поради пратенички обврски.

0 Коментари

Остави коментари