Распишан меѓународен конкурс за избор на идејно урбанистичко-архитектонско решение за градската четврт ј-14 Расадник во Кисела вода
Последниот неуреден градски простор во општина Кисела Вода, расадник ќе се уредува преку меѓшународен јавен конкурс, целта е просторот да се уреди плански и да се запази јавниот интерес.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вели дека тој простор припаѓа на граѓаните и заслужува да биде втопен во зеленило, според највисоки урбанистичко-архитектонски стандарди следејќи ги принципите на одржливост за избалансиран економски, социјален и еколошки развој .
Во креирањето на конкурсот, кој што е во тек, учествува и стручната фела која смета дека на овој начин, преку вакви конкурси треба да се уредува просторот.
На конкурсот се очекуваат најмалку 7 конкурсни трудови, првата награда изнесува 15.000 евра, втора награда 8.000 евра и третатат награда изнесува 3.000 евра. Ова е прв меѓународен јавен конкурс после 60 години – на потег е стручната фела.
ПО изборот на идејното решение следува изработка на детален урбанистички план. Со овој процес, обидот за бетонирање на Расадник станува минато, а со тоа и претходно планираните 99 згради.

