Рашковски: Дома го криевме срамот, сега цела Европа ќе види

Правниот тим на поранешниот генерален секретар на владата Драги Рашковски, против кого во моментов се води судски предмет, до јавноста испрати негов став во однос на чувањето на дигиталните докази во ОЈО за гонење организиран криминал и корупција. 

Кој ќе одговара кога од европското јавно обвинителство ќе видат дека лаптопот на нашето ОЈО на кој се чуваат сите дигитални докази за завршени и тековни истраги и предистраги се изнесува од просториите на ОЈО, притоа компромитирајќи ги сите материјали и на другите јавни обвинители, правејќи ги ваквите докази на своите колеги според сите можни стандарди – неупотребливи, пишуваат од правниот тим на Рашковски. 

Во најмала рака тоа значи дека нашите обвинители “ќе мора да постапуваат европски” по европски процедури, со цел собраните докази да бидат прифатени од страна на нивните истражители и обвинители, а подоцна и од судскиот систем. 

Ќе се брукаме, а некој ќе треба и да одговара, го пренесува Рашковски неговиот правен тим...