Расел: Гран при на Монако е завршено за нас

Џорџ Расел од Мерцедес ги сумираше впечатоците од квалификациите за Големата награда на Монако.

- Денес можевме да се бориме за првите 4, но сега оваа шанса е пропуштена. Тоа е катастрофално. Стартуваме од 14. позиција, иако требаше да бидеме меѓу првите пет. Сега имаме десет автомобили пред нас. Дури и ако некој се одлучи за луда стратегија, ние сепак ќе бидеме заглавени зад најмалку пет возачи, изјави Расел за „Аутоспорт“.

Трката за Големата награда на Монако ќе започне во 15 часот.