Расчистување на ситуацијата со Таравари до крајот на неделава најави Мицкоски
Се топи членството на Алијансата за Албанците по одлуката лидерот на партијата Таравари да ја напушти владината коалиција. Откако пратеници, министри, партиски функционери му откажаа послушност на ексминистерот за здравство, актуелниот министер за европски прашања Орхан Муртезани - изјави дека трендот на заминување од партијата ќе продолжи.
Во јавноста денеска се произнесе и Вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи. Преку писмено соопштение објави дека членството и гласачите зборуваат гласно и бараат правда и чист пат. Нема да дозволиме ДУИ да се врати како ништо да не се случило
„Ние сме гласот на патот кој никогаш не минува преку Али Ахмети, ниту преку некој што не им го посакува доброто на Албанците.”
Фетаи во писмото децидно не напоменува дали останува во Владата или заминува во функцијата.
Премиерот Мицковски вели дека неделава работите ќе станат појасни. Очекува средба со ВРЕДИ каде ќе се прецизира иднината на владината коалиција и настапот на локалните избори. Во октомври ќе се спротистават два блока - едниот на просперитетот ,а другиот на криминалот на кој веќе му се приклучил Таравари, дополни Мицкоски
Од ДУИ пак тврдат дека нивните најжестоки политички противници веќе се обединуваат за да го бранат достоинството - од како што посочија антиевропска и антиалбанската влада.
„Остатоците од Влен во Владата сѐ уште се водат од привилегиите со кои Мицкоски ги држи фатени од власта. Тие ќе останат како последни фигури на една период во заминување, период кој Албанците ќе го паметат по на понижување на нивното достоинство и блокирање на нивните аспирации“, соопштија од ДУИ.
Пратеникот Салим Сулејмани веќе ја најави оставката од сите партиски функции во рамките на Алијансата како и од неговата функција пратеник во Собранието. По оставката на Сулејмани, Вреди би имала пратеник повеќе, односно нова пратеничка група со 10 пратеници.
На доскорешниот нивен партнер Алијансата за Албанците освен со ДУИ вратата за соработка им се отвора и со СДСМ откако лидерот на партијата Филипче и денеска повтори дека дека за скоро ќе оствари средба со Таравари.