Расчистено убиство во Струмица, приведени двајца малолетници 
Foto

Расчистено убиство во Струмица, приведени двајца малолетници 

Полицијата во Струмица уапсила двајца малолетници во врска со убиството на шеесет и седумгодишна жена.

Полицијата на 19 февруари добила пријава дека во куќа во Струмица се извршени кривични дела разбојништво и силување, а по наредба на основен суд Струмица, извршен е претрес во куќата во која била пронајдена мртва жена.

Обдукцијата покажала дека смртта кај жената настанaла по насилен пат, поради задушување. Поради основано сомнение дека се извршители на кривично дело „убиство“, во Гевгелија е лишен од слобода малолетник (13 години), а потоа во Струмица малолетник (14 години).

0 Коментари

Остави коментари