Расадник: Непрописно паркираните возила го узурпираа приодот на пожарникарите
Пожарот во Расадник ги гореше белите дробови на Скопје. Но, пожарникарите беа немоќни навреме да интернвенираат да го спасат Расадник. Непрописно паркираните возила го узурпираа приодот на пожарникарите. Така што жителите морало да ја викнат паркиг службата да реагира, за да може да помине противпожарната бригада.
„Интервенирано е со три специјални возила „Пајак “ за отстранување на возилата од патот, да помине противпожарната екипа. Исто така нашата екипа според бројот на регистрацијата на возилата се јавуваше е на сопствениците да ги отсранат своите возила, доколку не ги отстранат ќе бидат земени од паркинг службата.“, велат од Градски паркинг Скопје.
Ден по катастрофалниот пожар во Расадник состојабата на улиците хаотична и денеска автомобили паркирани на сите страни.
Граѓаните за Телевизија 24 велат дека почиуствувале силна миризба од чад и тие коишто ги предизвикуваат пожарите треба да сносат поголема одговорност.
„Ова е се намерно, опасно, критично, мислам дека премногу се благи од државава, се што се дешава пожари се е тоа намерно направено треба поболени казни. Кога се гради една зграда треба да се направи паркинг. Не против пожарно па и брза помош јас гледам кај нас тука кај школиве има паркирање на сама улица треба да чека да пројде еден па потоа друг да помине премногу коли и премногу возила.“
„Мирисаше многу, улиците треба да бидат малку пошироки за да може народ да се паркира овде нема кај да се паркира. Тие што градат треба да мислат на тоа не е само стан да направиш туку и место за паркинг “
Од противпожарната велат дека веднаш се упатиле до Расадникот, при пристигнување на пожарната увиделе дека станува збор за голема површина при што упатиле дополнителни сили.
„ станува збор за поголема површина и каде што имаме поголема количина и на горлив материјал сува трева, грмушки, автомобилски гуми и најразлични други горливи материи. Веднаш се упатени дополнителни сили така да на пожарот е интервенирано со 8 противпожарни возила со 15 пожарникари ставен е под контрола за релативно брзо време имајќи во предвид се што беше на терен како објективна причина за интервенцијата.“, вели Звонко Томески Пожарна.
Градоначалникот на Кисела вода вели дека од страна на општината биле организирани и неколку багери за да може да се расчисти целиот потег да не ги зафати куќите.
„Од она што го имам како информација по комуникација и координација со полициската служба и со командирата на истата најверојатно се работи за помлади сторители на истово по кои што трага полицијата од нивна страна ми е посочено дека било пријавено дека три лица од 13до 15 годишна возраст дека деца го имаат запалено“, вели Орце Ѓорѓиевски градоначалник Кисела Вода.
Од Град Скопје уште вчера порачаа Кисела Вода да го прифати предлогот за меѓуопштинска соработка со Град Скопје за изградба на нов мега-парк на таа локација.
Пламените јазици уништија голем дел од расадникот. Изгореа дрвја и нискостеблеста вегетација , за среќа пожарот не стигнал до првите куќи.