Раноградинарите од Банско бараат пазарите на големо да работат за полесен пласман
Foto

Раноградинарите од Банско бараат пазарите на големо да работат за полесен пласман

Раноградинарите од струмичко Банско бараат контролирано отворање на пазарите во земјава за полесен пласман на зеленчукот што го произведуваат конкретно на лутите пиперки.

Од министерството за економија и од локалните самоупрви бараат пазарите на големо и отворено да работат под посебни услови согласно ситуацијата во државата заради коронавирусот.

Барањето за контролирано отворање на пазарите е со цел индивидуалните земјоделци вршат продажба и транспорт на зеленчукот. Тие меѓудругото бараа и посебни дозволи за превоз на зеленчукот до одредени градови за време на полициски час, бидејки производството се зголемува.

Светската пандемија со коронавирус предизвикаа тешкотии во пласманот на зеленчукот од струмичкиот регион пред се на пролетната зелка. Европските пазари го минимизираа увозот а дел ги откажаа нарачките.

Во Струмичко допрва се очекува зголемување на понудата со пролетна зелка, а наскоро се очекуваат и првите количини на краставици, домати и пиперки под пластеници.

0 Коментари

Остави коментари