Рамчиловиќ: Решение за правната селекција има
Foto

Рамчиловиќ: Решение за правната селекција има

Среда е новиот термин кога би требало да биде познато Законското решение за амнестија на 8 те независни пратеници информираше денеска претседателот на групата за помирување Зеќир Рамчиловиќ.

Вели во понеделник повторно потгрупата ќе се консултира, но и ја поканија пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ да испрати свој претставник. Вели иако законот се уште јавно не е изнесен тековно го информирале кординаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Мицевски до кај се подготовките и кои се следните чекори. Рамчиловиќ не кажа делови од законот ниту пак кое е решението за правната дистинкција .

„Најдовме правни формулации, да не влијаеме врз судството, ние како Собрание да донесеме Закон за амнестија“ - вели Зеќир Рамчиловиќ, претседател на Телото за помирување.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак велат се уште не се запознаени со новото законско решение но остануваат на ставот дека доколку има селективна правда нема да го поддржат .

„Став на ВМРО-ДПМНЕ беше дека нема да учествува на такви фингирани форуми на кои ќе се дискутира за селективна амнестија“ - рече Наум Стоилковски.

Од СДСМ пак велат дека ги очекуваат што поскоро изготвените предлози да бидат достапни до јавноста но тврдат дистинкција мора да има а амнестија нема да има за организаторите и нарачателите и изврпителите на кривичните дела  од 27 април

„Очекуваме предлозите да бидат изготвени и да бидат на увид на јавноста. Нема амнестија на оние кои извршиле насилство на 27 април“ - изјави Костадин Костадинов од СДСМ.

Извори од телото пак брифираа дека доколку нема преклвалификација на делото терористичко загрозување на уставниот поредок, тогаш според нив најдобро би била целосна амнестија, а потоa во нова постапка да бидат опфатени оние што  не треба да бидат спасени да одговарат за нови кривични дела.

Сепак претседателот на телото за помирување Рамчиловиќ и денеска рече оти засега најдобро е првично да се фокусираат само на законското решение кое велат не е потикнато од последните апсења а како што рече и тие се за правдата да се истера на виделина .

0 Коментари

Остави коментари