Рамадани за ТВ 24: Тоа што е преложено во францускиот предлог е фаворизирана Бугарија

Исмет Рамадани советник на премиерот Ковачевски за европски интеграции во емисијата 24 анализа рече дека ние преипаѓаме во едно западно друштво кое сега имаше три самити. Ние се стремие да бидеме членка на ЕУ, а Г7 е недостижно за нас.

-  Во ваква ЕУ не се стремиме да влегуваме за да минуваме на нивните вредности, но и ние да внесуваме наши вредности. Предлогот од Макрон малку се разликува од нивната резолуција. Претпоставувам дека за одредени постапки се консултирани, цело време знаевме дека се работи меѓу министерствата, но се извлечени се работи кои после се предложено. Тоа што е преложено е фаворизирана Бугарија. - рече Рамадани.