Рамадани за ТВ 24: Ние не го донесовме Стоилковиќ, туку го најдовме во ДУИ

Блерант Рамадани од АА - крило на Таравари - Коалиција „Вреди“ во емисијата 24 анализа рече дека нивниот став за именувањето на Стоилковиќза министер е јасен и како Влен, нема да имаат компромис кон ставовите.

- Кажуваме дека такви ставови нема да прифатиме и нема да има компромис во иднина. Секој претставник на било која политичка партија  која ќе раководи со една институција, неговата улога треба да биде во интерес на граѓаните, не само на една етничка припадност. Не е наш предлог, ако повлечеме паралела кога ние го имавме како претставник Беким Чоку кој беше советник на Курти. Стоилковиќ беше предлог на напиот коалиционене партнер. Значи за такви ставови нема да има компромис. Едни од главните постулати ќе биде евроинтеграцискиот процес. Ние не го донесовме Стоилковиќ, туку го најдовме во ДУИ, не го донесовме ниту Отворен Балкан. - рече Рамадани.