Рамадани во „24 анализа“: Патриотизмот во ова време добива нова димензија, нема одржлива мала земја ако не е во сојузи

Патриотизмот во ова време добива нова димензија, нема одржлива мала земја ако не е во сојузи како НАТО и ЕУ, вели Исмет Рамадани, советник на премиерот за ЕУ.

Рамадани вели дека народот е истоштен од различни битки во последниве 30 години, а истото се случува и со другите земји во Западен Балкан, но се ќе заврши еден ден со компромис. Тој го посочува пресвртот што се случи со Македонците и македонскиот јазик во Грција по Преспанскиот договор и очекува дека истото ќе се случи и со Македонците во Бугарија.

Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ на ова потсети дека со Преспанскиот договор Македонија се откажа од својата историја до 1945 година како и од Македонците кои живеат надвор од границите на денешна Македонија. Во однос на Бугарија, Андоновски потсетува дека Бугарија има 14 пресуди за непочитување на малцинските права на Македонците во Бугарија и ниту една од тие пресуди не е испочитувана.