Рама им наздрави на гостите од Македонија

Премиерот на Албанија Еди Рама се сретна со политичките лидери на Албанците од Македонија во Тирана. Рама на фејсбук објави фотографија од средбата со новогодипна честитка до со сите Албанци, како што наведува, каде и да се.

„На здравје. Нека биде добра година за Албанците каде и да се“, напиша албанскиот премиер Еди Рама вечерва на својот профил на Фејсбук, објавувајќи фотографија од средбата со лидерите на албанските партии во Македонија.

На фотографијата од средбата во Тирана, Рама им наздравува на своите гости. 

Средбата во Тирана ја свика премиерот Рама со лидерите на албанските политички партии во Северна Македонија. Учесници на средбата се Али Ахмети од ДУИ, Африм Гаши од Алтернатива, Мендух Тачи од ДПА и Арбен Таравари од Алијанса за Албанците. Поканата ја одби Билал Касами од Беса.

Претходно, албанската телевизија „Њуз 24“ објави дека тема на средбата ќе биде „внатрешно-политичката ситуација во Северна Македонија, улогата на албанските партии во надминувањето на ќорсокакот во Македонија за обезбедување мнозинство, бидејќи Собранието мора да направи одредени уставни измени поврзани со напредокот и продолжувањето на процесот на евроинтеграции“.