Рама и Руте разговараа за зајакнување на улогата на Албанија во НАТО
Албанскиот премиер Еди Рама денеска се сретна со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој е во Тирана во рамките на Самитот на Европската политичка заедница.
Рама сподели снимки од средбата во неговиот кабинет на социјалните мрежи, објавувајќи дека се фокусирале на понатамошно зајакнување на улогата на Албанија во Алијансата, безбедносните предизвици во регионот и активен придонес на оваа земја во НАТО.
„Беше задоволство да го пречекам генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, со кого разговаравме за понатамошното зајакнување на улогата на Албанија во Алијансата, безбедносните предизвици во регионот и нашиот активен придонес во НАТО“, напиша Рама.
Домаќинот на Самитот, премиерот Еди Рама, ќе одржи билатерални средби во текот на денот со 10 од личностите што учествуваат на овој самит, ќе ги поздрави сите лидери поканети на Самитот со ракување, со кои ќе има и фамилијарна фотографија.