Рама до Бугарија: Или кренето го ветото или трпете ме

МНР на Бугарија денеска реагира на изјавите на премиерот на Албанија, Еди Рама, на прес-конференцијата во Брисел по состанокот ЕУ-Западен Балкан и другите негови изјави, а во кои ја критикуваше Бугарија поради ветото кон Македонија, а со тоа и блокадата на евроинтеграциите на Албанија.

- Ја браневме европската перспектива на Албанија и почетокот на преговорите за членство во ЕУ, дури и кога беше многу потешко од денес. Ние се залагаме за тоа денес, и покрај сè, во име на заедничката европска иднина. Како одговор, не е првпат да слушаме неиспровоцирани остри, навредливи квалификации од шеф на влада. Жолчните изјави на толку ниско ниво повеќе не можат да се оправдаат со природата и недостигот на европски комуникациски вештини. Очекуваме албанскиот премиер да ги приспособи своите изразни јазични средства соодветни за политичар од земја кандидат за членство во ЕУ.“ - стои во соопштението од бугарското МНР.

Во соопштението тие инсистираат на одржување на добар тон на комуникација.

-Имаме заедничка иднина со Албанија. Политичарите си заминуваат. Нациите остануваат. Нашите народи имаат заеднички интерес, кој не смее да се поткопа со погрешна проценка на еден политичар. Недозволиво е односите меѓу државите да станат заложник на ексцентричноста на актуелниот албански премиер.“ - стои во соопштението од бугарското МНР.

Бугарското МНР одговор доби од премерот на Албанија Еди Рама кој им порача или да го тргнет ветото или ќе тие ќе мора да го трпат.

-О! Бугарското Министерство за надворешни работи има проблем со мојот начин на зборување! Фер. И јас имам проблем со начинот на кој Бугарија сака да ги реши билатералните прашања користејќи го процесот на проширување како средство за киднапирање на две земји од НАТО! Полека пријатели: Подигнете го ветото или ќе ме трпите.“ - изјави Еди Рама.

Да ги смири тензиите се обиде претседателот на опозициската Демократската партија на Албанија и поранешен премиер на Албанија, Сали Бериша кој се извини на бугарскиот народ тој кажа дека Рама не го претставува мислењето на Албанците, бидејќи, туку на еден авантурист.