Ралповски: „Доста е - претеравте“ - синдикален протест за заштита на работничките права

Под паролата „Доста е - претеравте“ во четврток „Работниците излегуваат на улица“. Тргнуваме од спроти Македонска телевизија и ќе се движиме прво до Собранието, а потоа и до Владата. Пратениците треба да знаат дека законите кои ги носат некои ги кршат во државата, а пред Владата ќе одиме бидејќи таа ги крши законите. Ги повикувам сите граѓани и работници да ни се придружат на овој протест кој ќе биде синдикален протест за заштита на работничките права. - вели  за „Студио 10“ Благоја Ралповски, претседател на Конфедерацијата на слободни синдикати.