Ракометот паѓа, одбојката се качува - Македонските одбојкари вторпат во низа ќе играат на ЕП
Foto

Ракометот паѓа, одбојката се качува - Македонските одбојкари вторпат во низа ќе играат на ЕП

Со победата од 3-1 во сетови (25-19, 21-25, 25-23 и 25-18) против селекцијата на Турција во Скопје, најдобрите македонски одбојкари по вторпат во низа обезбедија пласман на Европско првенство.

За разлика од ракометарите кои попладнево ни предизвикаа големо разочарување со партијата во Египет (пораз со високи 19 разлика),  популарните „Спартанци“ ја воодушевија јавноста со триумфот против Турците и обезбедената можност повторно Македонија да се најде меѓу европскиот одбојкарски „крем“.

Европското првенство годинава ќе се одржи во четири земји, Полска, Естонија, Финска и Чешка.

0 Коментари

Остави коментари