Ракометната надеж Ива Младеновска со потпис за Брест Бретањ
Ива Младеновска, која има само 16 години, но веќе прераснува во врвна ракометарка, ќе игра за клуб кој сезонава настапува во Лигата на шампионите.
Македонската репрезентативка, официјално потпиша договор на четири години со екипата Брест Бретањ Хандбал од Франција.
Нашиот десен бек која моментно ги брани боите на ЖРК Металург, ќе го има првото искуство во странство.
Таа ова лето ќе приклучи на првиот, професионален тим во јули, статус кој веќе го има во ЖРК Металург, во Македонија, од својата 13 година.
Од Брест воедно пренесуваат дека Младеновска станува збор за една од најголемите талентирани ракометарки во Европа на својата позиција и дека во новиот клуб дополнително ќе го зголеми својот напредок во играта.