Ракетен напад во Кабул
Foto

Ракетен напад во Кабул

Врз главниот град на Авганистан е извршен ракетен напад, јавија светските медиуми. Според новинската агенција Аамај, неколку ракети ја погодиле населбата Хаир Кан во Кабул.

Инцидентот наводно се случил во близина на електрана во Кабул. Локалните жители изјавиле дека проектилите можеби ја погодиле електраната Чамталах. Засега нема извештаи за евентуална штета.

0 Коментари

Остави коментари