Рафаел Надал ја доби титулата Маркиз
Шпанскиот крал Фелипе Шести вчера му ја додели титулата Маркиз на веќе легендарниот тенисер Рафаел Надал, како признание за неговиот придонес за нацијата преку спортските врвни достигнувања.
Надал отсега ќе ја носи титулата Маркиз од Левант де Мајорка - островот каде што е роден и живее. Се работи за наследна титула. Во текот на својата богата кариера, Надал има освоено 22 „гренд слем“ титули, од коишто 14 на турнирот „Ролан Гарос“, поради што мнозина го сметаат за најдобар играч на земјена подлога во историјата.
Покрај Надал, истата титула кралот им ја додели и на поп-рок пејачката Луз Касало и на параолимписката пливачка Тереза Пералес.
„Тие се гордост на Шпанија и постојана препознатлива точка на вредности што треба да го инспирира нашето општество“, објави шпанската кралска куќа.
Рафаел Надал е еден од најголемите тенисери на сите времиња, чија кариера ја одбележаа извонредни успеси.