Радукану нема да игра во Берлин поради проблеми со грбот

Британската тенисерка Ема Радукану ќе го пропушти турнирот во Берлин поради проблеми со грбот.

-Одиграв пет натпревари за прилично краток временски период. Веројатно затоа треба да си го одморам грбот и да видам што ќе се случи следно, изјави Радукану за „Би-би-си“.

Радукану во моментов е на 37.место на светската ранг-листа за тенисерки.

За време на четвртфиналето на турнирот во Лондон против Женг Кингвен од Кина, Радукану зеде медицински тајмаут. Натпреварот на крајот заврши со резултат 6:2, 6:4 во корист на 5. рекет на светот. 

На Ролан Гарос, Радукану загуби во натпреварот од второто коло од Ига Швјонтек (Полска) со резултат 1:6, 2:6.