Радовиш ќе прави истражувања кај Раклиш за потенцијалот со термални води
Foto

Радовиш ќе прави истражувања кај Раклиш за потенцијалот со термални води

Општина Радовиш изготвува проектна документација за геотермални истражувања кај Раклиш за да го виде потенцијалот со термални води. Таму во моментов има извори чија издашност е 2 литри во секунда.

Жителите на Раклиш сметаат дека топлата вода што извира кај нив може да се искористи и за други намени. Од општината се надеваат дека по пат на јавно приватно партнерство да се искористи потенцијалот со термалните води кај ова место.

Општина Радовиш склучи договор со фирма која ќе изработи проектна документација за термални води кај Раклиш за да се утврди  потенцијалот што го нуди локалитетот топла вода над ова населено место. Техничката документација ќе даде насоки за геотермално истражување на длабочина од 640 метри за да се утврди колкави количини има, но и која е температурата на водата која во момент на површината сама излегува со околу 25 степени.

Жителите на Раклиш велат дека со години си тече топлата вода чија температура  осцилира. Истата од локалитетот со извори е опфатена и донесена до сред село каде како фонтана постојано тече. Ја користат како техничка но уверени се дека може да се искористи и за други намени.

Доколку истражувањата  покажат солидни резултати, градоначалникот на Радовиш смета дека тоа може да биде дополнителен економски потенцијал на општината. 

Раклиш се наоѓа веднаш до Радовиш и таму топла вода тече со векови. Се смета дека е крстосница  на подземни топли води . Пред 30 години биле правени истражувања но само до 100 метри.

0 Коментари

Остави коментари