Радиоактивен материјал ќе ги покрие Германија, Полска и Словачка во случај на хаварија на „Запорожје“

Руското Министерство за одбрана објави дека нуклеарната централа Запорожје во јужна Украина може да биде затворена доколку украинските сили продолжат со гранатирање на објектот, што Киев го негира, пренесува Ројтерс.

Игор Кирилов, шефот на руските Атомско-биолошко-хемиски одбранбени сили, рече дека резервните системи за поддршка на електраната се оштетени како резултат на гранатирањето.

- Во случај на хаварија во електраната, радиоактивен материјал ќе ги покрие Германија, Полска и Словачка, посочи Кирилов.

Во март, руските сили ја зазедоа нуклеарната централа во Запорожје, бидејќи се наоѓа блиску до линијата на фронтот во последните недели неколку пати беше изложена на гранатирање.

Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за нападите врз оваа електрана, инаку најголемата во Европа.