Радев задоволен од Макрон, Петков чека „пас“ од Собранието

Бугарскиот претседател Румен Радев задоволен од формулациите на Емануел Макрон. Сепак,  според него во докуемнтот има уште дилеми. Радев вели 

владиниот кабинет не успеа да изготви сопствен предлог, па сега го поднесува францускиот,  му порача на премиерот Кирил Петков да биде премиер, а не француски курир. Според Радев, бугарскиот парламент не е пазар каде што едни купуваат пратеници, а други се согласуваат да го вратат стариот модел на корупција. Според него, барањето за вклучување на Бугарите во Уставот на Северна Македонија, мора да се направи пред почетокот на преговорите. 

„Предлогот на француското претседателство е чекор во вистинската насока, но остануваат голем број прашања кои треба да се разјаснат пред да биде укинато ветото. Не помалку важни се јасните механизми и мерливите критериуми за искоренување на десетгодишната политика на дебугаризација, кражба и фалсификување на бугарската историја, како и за обновување на уништените споменици и знаци на бугарството.“ - изјави Румен Радев претседател на Бугарија. 

Премиерот на Бугарија Кирил Петков, пак денеска изјави дека на Самитот во Брисел  нема да оди со владин став во однос на францускиот предлог туку со одлука на Народното собрание. 

„Ќе го кажам она што ќе ви го речам и Вам. Ако нема одлука од Народното Собрание, јас не можам да кажам да или не по таа тема.“ - изјави Кирил Петков премиер на Бугарија.

Првиот чекор за почнување пристапни преговори на Северна Македонија со Европската унија, а тоа се нарекува првата меѓувладина седница, наведе Петков, е таа да почне откако, како што рече, тие ќе го променат Уставот, а откако ќе го променат Уставот, Бугарија да не може да ги сопре на патот. На нивна страна пак да им се гарантира дека ние нема да си измислуваме по еден услов секои шест месеци, рече Петков. Лидерката на БСП и вицепремиерка, Корнелија Нинова, го повика претседателот  Радев да престане да шпекулира за Македонија.  

„Господине претседателе, да се користи патриотизмот на Бугарите за да се добие личен рејтинг е подло. Ја повикувате Владата да ги отфрли сите сомнежи дека може да го укине ветото за Македонија. Покренувате сомнеж. Кабинетот постојано повторува, нема да го укинеме ветото. Единственото тело што може да владее е парламентот.“ - изјави Нинова фејсбук.

Предлогот на француското претседателство со ЕУ е веќе во Комисијата за надворешна политика на бугарското Национално собрание. Бугарија е во политичка криза, кабинетот на Петков се соочува со гласање доверба.