Радев со нова стратегија во која меѓу другото присутна е и Македонија

Поддршка на добрососедските односи со Македонија но не безусловно туку со исполнување на преземените обврски и со реалната заштита на правата на Бугарите во Република Северна Македонија“. Ова е нотирано во отчетот за 100 дена владеење на бугарскиот прмеиер Румен Радев  а во делот кој се однесува токму на односите меѓу официјална Софија и Скопје .  За реализација на оваа цел е поставен рок до мај 2030 година. А во отчетот стои 

Румен Радев Претседател на Влада на Р. Бугарија: Активна, принципиелна и национално одговорна билатерална дипломатија“,  со Република Северна Македонија. Владата предводена од премиерот  Румен Радев ги  поддржува   „добрососедските односи, но тие се поврзуваат со исполнувањето на преземените обврски и со реалната заштита на правата на Бугарите во Република Северна Македонија“. 

Во документот се наведува дека Бугарија го поддржува проширувањето како инструмент за стабилност во сопствениот регион.

Во истиот дел од програмата се предвидува зајакнување на односите со земјите кандидати од Западен Балкан, односно Србија, Албанија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина, како и со Турција. Предвидено е и продлабочување на стратешкото партнерство со Грција и Романија, развој на односите со Кипар и интензивирање на дијалогот со Хрватска. 

Меѓу надворешнополитичките приоритети е и продлабочување на билатералните односи со земјите членки на Европската Унија како средство за градење коалиции по приоритетни европски досиеја. Посебен акцент е ставен на Франција, Германија, Италија, Шпанија и Полска, како и на земјите од Европскиот економски простор и Обединетото Кралство.

Отчетот за сто дена владеење на Радев е содржан во 208 страници а најде на големи критики и кај бугарската опозиција . 

Новата стратегија на Румен Радев за надворешната политика на Бугарија до 2030 година доаѓа во време на интензивни разговори за деблокада на европскиот пат на Северна Македонија.

Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски, деновиве во повеќе наврати потврди дека имаат контакти со претставници на земјите членки на ЕУ, со европски институции и со бугарски претставници, при што една од главните теми е надминувањето на спорот што го блокира европскиот пат на Северна Македонија.

Според Муцунски, суштината е јасно раздвојување на реформските обврски од билатералните прашања нагласувајќи дека  треба да се стави крај на барањата поврзани со нашиот идентитет, историја, јазик и култура. Сѐ додека постои таква препрека од Бугарија и додека нема јасна поддршка за нашиот европски пат во духот на европските вредности, проблемот останува нерешен.