Радев се сретна со претседателот на бугарскиот клуб од Битола

Бугарскиот претседател Румен Радев во Софија се сретна со Љупчо Георгиевски, претседател на згаснатиот бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ од Битола.

Според соопштението од кабинетот на Радев, Георгиевски изразил надеж дека бугарската заедница во македонија што поскоро ќе биде вклучена во уставот, со што ќе се создадале уставни гаранции за заштита на нивните права и ќе се отворел патот на државава за почеток на преговори за членството во ЕУ.

„ВО Најбрз можен рок да се вклучат Бугарите во уставот на земјата и да се продолжи со имплементација на билатералниот договор за пријателство и добрососедство, кој е составен дел од преговарачката рамка. Ова е очекуван и важен чекор за развој на полноправна соработка меѓу Бугарија и РСМ – се наведува во соопштението.

Во меѓувреме во Македонија во тек е судењето на георгиевски за две дела - предизвикување национална и расна омраза и ширење расизам и ксенофобија преку компјутерски систем.. Клубот „Ванчо Михајлов“ беше избришан од централниот регистар, но беше формирана нова организација под името „Една роза“на иста адреса .