Радев: Оставка на владата на Бугарија е неодложна, предвремени избори се единствен излез

Бугарскиот претседател Румен Радев во обраќање до бугарскиот народ изјави дека оставката на кабинетот е неодложна, а предвремените избори се единствениот пат напред. На Бугарија и е потребна реална промена што ќе доведе до оздравување на државноста. Тоа е нешто што сегашната власт не може да го направи, изјави тој. Радев ги коментираше протестите против предлог-буџетот, нагласувајќи дека тие опфаќаат луѓе од сите генерации и се израз на граѓански став. Обидите протестот да се претстави како бунт против буџетот го потценуваат самиот настан. Тврдењата дека ова е бунт само на младите го омаловажуваат процесот,  рече претседателот на Бугарија.