Радев му кажа „не“ на Макрон за Македонија

Румен Радев ја одби поканата на Макрон – нема услови за да оди во Париз и да разговара за Македонија. Денеска од Софија му кажа благодарам на Макрон за напорите и му порача дека нема намера да отстапува од својата позиција - бара резултати од Скопје.

Иако не потврди дека за македонското прашање ќе бара референдум Радев му испрати порака и на Петков - за договор со македонската влада , да не се крсти на мнозинство во бугарскиот парламент.

Румен Радев претседател на Р. Бугарија - Нема напредок по отворените прашања меѓу Софија и Скопје, затоа нема услови за мојата посета на Париз. Ја ценам ангажираноста и напорите на нашите европски партнери, но јас сакам да видам реални резултати. Што се однесува до обраќањето на премиерот дека последниот чекор за темата Северна Македонија дека е Собранието, треба да знае дека последниот чекор секогаш е народот. И за консултација има уставни механизми.

А шефицата на бугарската дипломатија порача дека нема да се реши спорот до крајот на француското претседавање во јуни. Генчовска денеска фрли стрели со обвинувања по Петков дека советници од неговиот кабинет го бојкотираат процесот за преговори со Скопје и порача дека Петков нема да може да го заобиколи бугарското министерство за надворешни работи. 

Владини извори за Телевизија 24 пак тврдат дека иако се молчи - на маса во Скопје и Софија во владините кабинети е доставен предлог од Франција или поточно нова модифицирана варијанта на португалскиот предлог. 

Дојче веле денеска објави и дека советници од француското Министерство за надворешни работи и советник од кабинетот на Емануел Макрон веќе биле на средби во Скопје и Софија. Од владата пак молк.

Иако домашната јавност веќе крена раце од оптимизмот за симнување на бугарското вето во јуни - вчера се разбудија надежите со објавата дека двоецот Радев – Петков е повикан на разговор во Париз лично кај Макрон. Повикувајки се на дипломатски извори бугарскиоте медиуми објавија една теза во која планот на Франција за отстранување на ветото не е целосно јасен , а од друга страна пак дека Софија добила ветување од Париз дека сите услови ќе бидат вметнати во преговарачката рамка за Македонија. 

Бугарскиот премиер Петков вчера од Брисел на сакаше да потврди ништо, но ниту ја демантираше поканата од Елисејската Палата - порача дека последниот збор за решението со Скопје ќе го има бугарскиот парламент.