Рација низ Германија, уапсени 25 лица кои сакале да ја нападнат владата

Голема полициска акција во Германија. Уапсени 25 екстремни десничари и бивши офицери кои планирале државен удар и формирање ново царство.

Меѓу заговорниците се и членови на екстремистичкото движење Граѓани на Рајхот, кое не го признаваат легитимитетот на германија и кое полицијата го сомничи за напади и расистички теории на заговор.

Германското обвинитество тврди дека планот на екстремистите бил да извршат вооружен напад врз парламентот и да ги држат во заложништво политичарите. За исполнување на планот очекувале и помош од делови од безбедносните структури.

„Истрагата дава увид во бездната на десницата и колкава закана претставува групата Граѓаните на Рајхот. Ќе продолжиме со таа доследна борба. Владеењето на правото, знае како да се одбрани од непријателите на демократијата.“ - изјави Ненси Фезер министер за внатрешни раоти на Германија.

Меѓу приведените е и државјанка на русија која е осомничена дека посредувала меѓу првите луѓе на групата и претставници на Русија. Официјален Кремљ отфрли било каква вклученост на Русија во наводниот план за државен удар. Претходно, и Руската амбасада во германија негираше дека имале контакти со членови на радикалчни групи.

Според проценките на германската полиција, групата брои повеќе од 20 илјади членови а претресот е извршен во 130 куќи, канцеларии и други објекти. Германските медиуми пак наведуваат дека групата е формирана околу принцот Хајнрих VIII, кој се води како безбедносна закана за земјата, како и поранешната пратеничка на партијата АФД која воедно била и судија во Берлин. Меѓу осомничените е и војник на германскиот Бундесвер како и неколку резервисти во германската армија.