Работодавачите негодуваат за “минималецот”, за граѓаните покачувањето не е доволно

Минималната плата се зголемува на 20.175 денари. Зголемувањето на минималецот за 12,55 отсто, нема да предизвика удар врз стопанството ниту нови отпуштања на вработени, вели за ТВ 24 Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи, но посочува дека во Европската Унија е усвоена директива со која во земјите членки минималната плата треба да биде околу 50 проценти од просечната. 

Факт е дека ова зголемување на минималецот ни од далеку не може да ги покрие основните трошоци за живот, потврдува Кристина Ампева, од невладината Гласен Текстилец, која вели дека тие работат на концептот плата достојна за живот, а не за минимална синдикална кошничка.

Дали овој раст од 2.000 денари е доволен за нормална живеачка и колку би требало да изнесува минималецот, ги прашавме и граѓаните.

Инаку, секој март се врши усогласување на минималната плата, а станува збор за усогласување на висината на минималната согласно растот на просечната плата и трошоците за живот.