Работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и Влен не се состанаа, комуникацијата продолжува

Течат преговорите околу формирањето на идниот владин состав но далеку од очите на јавноста . Иако се очeкуваше денеска средба на работната група  на ВМРО ДПМЕН и на Вреди   сепак ниту од едната ниту од другата страна официјално не потврдуваат нити даваат било какви информации. Во меѓувреме координацијата продолжува телефонски . И додека се очекува исходот и формирањето на работните групи острануваат познати само оние столбови на кои од ВЛЕН посочуваа дека ќе се заснова комуникацијата односно евроинтеграциите,владеење на правото и борбата со криминалот и корупцијата но и оние очекувања дека сепак може да се донесат уставните измени . 

Неофицијалните информации пак за кои и вчера во гостување на ТВ 24 говореше коалицискиот партнер на ВМРО ДПМНЕ Павле Трајанов се дека ВМРО ДПМНЕ во преговори со поединечни субјекти и пратеници веќе има мнозинство од 63 до 64 пратеници . Во јавноста се шпекулира дека  тоа се пратеници од ЛДП и НСДП кои веќе добиле мандат на овие парламентарни избори но  Трајанов не сакаше да открие за кои имиња станува збор . Ваквиот фронт му е потребен на Мицковски и за да се обезбеди потребно двотретинско мнозинство за измени во Законот за влада со цел да се направат промените во балансерот и бадентерот но и да може да се реализира предизборната програма со новите ресурси . 

Во преговорите со Влен пак  јасно е дека постојат одредени разлики во програмите особено во делот на уставните измени но не се исклучува можноста истите тековно да се пеглаат и за време на формирањето на идниот владин состав. На 28 се очекува да биде конститутивната седница а кон крајот на месецот Претседателот да го додели мандатот на мандатарот . Наредните 6 до 9 месеци ќе бидат важни за да се види во која насока ќе тече  дијалогот со Бугарија која ќе треба да ги организира изборите и формира новата влада а престојат и избори во Европскиот парламент . 

Поддршка дијалогот да продолжи меѓу  Скопје и Софија веќе изрази и САД .