Работните групи на власта и опозицијата на средба за законот за ЈО до крајот на неделава
Foto

Работните групи на власта и опозицијата на средба за законот за ЈО до крајот на неделава

Забелешките што ВМРО- ДПМНЕ ги има за Предлог-законот за јавно обвинителство не се за живот или смрт, но сепак сакаме закон кој што ќе ја подобри правдата и правдината во Република Македонија, изјави денеска на прес конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој вели дека партијата има многу забелешки на предлог-законот, подготвена да ги брани јавно и транспарентно но не е спремна за компромис.

„Но во име на таа одбрана подготвени сме да седнеме со предлагачот и да преговараме да видиме дали е подготвен да се откаже од нивните две цели а тоа е, заштита на основаното сомневање за сторен криминал на Заев екипата околу него но и оние кои што се слуги на Заев чии што процеси се враќаат на почеток или пак се наоѓаат на дното од приоритетите во обвинителството и судовите и како второ да обезбедиме она кое што за нас е важно а тоа е да има вистинско владеење на правото, да биде законот во согласност со европскиот дух, реформскиот дух и да биде во согласност со Уставот. Ако ме прашувате дали сум подготвен да правам компромис , не, не сум подготвен за овој предлог ниту јас, ниту пак било кој од тимот кој што преговара со предлагачот.“ - изјави Мицкоски.

Мицкоски тврди дека предлогот на СДСМ е противуставен и има девет забелешки кои се однесуваат на организацијата и функционирањето на обвинителството, приципот на хиерархија и изборот на обвинителите и на републичкиот јавен обвинител како и дел од казнените одредби предвидени со предлог-законот.

„И затоа се толку силно фокусирани кон опструкции, кон кочења на носење на квалитетно законско решение, но и наметнување на предлог закон кој ќе гарантира своевидна амнестија на криминалот на власта преку целосна контрола врз обвинителството. Зоран Заев е свесен дека нова аболиција како онаа во „Глобал“ не би поминала, и затоа сега е насочен кон решение кое ќе обезбеди заштита на криминалот преку контролираното од него обвинителство. Впрочем хибридниот режим на Заев сега сака закон за обвинителство за амнестија на криминалот и неправдите. Повторувам, хибридниот режим на Заев турка закон за обвинителство за амнестија на криминалот и неправдите.“ - изјави Мицкоски.

Прашан дали претседателот на СДСМ Зоран Заев ќе успее да обезбеди двотретинско мнозинство во Собранието за да може да биде донесен Законот за јавно обвинителство, Мицкоски вели дека тоа е демократско право на секој политичар.

0 Коментари

Остави коментари