Работниците во вторник го блокираат Собранието, бизнисот тврди нема пари и за придонеси и за повисок минималец

Барањата за зголемување на минималната плата на 600 евра и по 100 евра за останатите работници ја подели јавноста. Миле Бошков од Бизнис конфедрацијата вели дека за такво нешто да се случи потребно е ослободувањее од плаќање на социјалните придонеси во спротивно бизнисот не може да ги издржи тие трошоци.

„Нашиот став е дека секое покачување доколку биде ослободено помеѓу 600 и 6.000 илјади денари од социјални придонеси тогаш можеме да ја покачиме платата. Понатаму, барањата 600 евра минимална плата во споредба со сегашната тоа е покачување не само за 12.000 денари туку плус уште 6.000 денари придонеси. На барањето 600 евра минимална плата- покачувањето е 18.000 денари кој не може никој да си го дозволи и не треба да си го дозволи бидејќи е енормно зголемување и не е во план, голем трошок е. Она што можеме да си го дозволиме за тоа преговараме и за тоа го понудуваме.“ - вели претседателот на Бизнис кофедерацијата, Миле Бошков.

Владата постојано со ист став, како ќе се договорат работниците и работодавачите тие како Влада ќе прифатат. Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов на ставот дека во вторник излегуваат на протести и дека не отсапуваат од барањата на работниците.

„2 години блокираат зголемување на минималната плата, а за 2 години секое семејство е посиромашно за 9.250 денари месечно, И да знаат, не ни се потребни 20.000 работници на улица за да ги блокираме, 21 човек ќе ја завршат истата работа !Повеќе од 12.000 работници на големиот работнички протест, рамо до рамо на 28 јануари ги исплашија, а не сме ни почнале.“- пишува на Фејзбук, претседателот на ССМ Слободан трендафилов.

Од Бизнис конфедерацијата велат дека само преку разумни политики и барања може да се постигне дијалог.

„Најрпифатливо е тоа дека разговараме отворено, за мене и најавените протести се дел од нашето цивилизациско зреење. Меѓутоа кога станува збор за пари и за тоа што може економијата да си дозволи тогаш мора да го изнесеме ставот и кога говориме за вистината сме непобедливи. Тоа мораме да го кажеме и не можеме да преговараме над тоа што можеме да го оствариме за да не пропаднеме и за да не ги упропастиме и така кревките бизниси.“- вели претседателот на Бизнис кофедерацијата, Миле Бошков.

По однос на пресметките на СДСМ за кратење на некои трошоци на владата, со ребаланс на буџетот од Министерството за финансии топката ја префрлаат на пратениците. 

„Министерството за финансии во чија надлежност е креирање на буџетот и обезбедување средства постапува согласно законски прописи. Доколку во Собранието се прифати такво законско решение во Министерството за финансии ќе се пристапи кон обезбедување средства за реализација на законските обврски.“ - велат од Министерство за финансии.

Од ССМ не отстапуваат од нивните барања – бараат функционерите да си ги намалат платите додека од КСС велат дека согласно законската регулатива работникот во март ќе добие покачување утрдено со закон.