Работниците-текстилци остануваат на улица - без исплатени плати
Текстилот виси на конец. Текстилна индустрија во Македонија ќе има, но никогаш нема да биде како порано, тврди претседателот на Собранието на Организацијата на работодавачи на Македонија, Анѓел Димитров.
Според него, од некогашните 48.000 работници во текстилниот сектор, денес има околу 17.000, од кои околу 15.000 производители на облека и 2.000 производители на текстил.
Изминатиот период сведоци сме на сè поголем број текстилни работници кои излегуваат на протест откако останале без работа и без неисплатени плати и придонеси. По кочанската „Артекс“, сега последен случај е штипската компанија „Европа фешн“. Голем дел од текстилните работници неделава излегоа на масовен протест во Штип, револтирани бидејќи со месеци се оставени без егзистенција и бараат надлежните институции итно да излезат на терен и да ја утврдат фактичката состојба.
За да не дојде до протести и неисплатени работници, според Анѓел Димитров решението е доста едноставно.
Она што дополнително загрижува е фактот што и текстилната и автомобилската индустрија во Македонија се тесно поврзани со Германија. Затоа експертите предупредуваат дека ако кризата продолжи, последиците би можеле да се почувствуваат низ цела Европа, бидејќи Германија останува најголемата економија во Европската унија и клучен трговски партнер за многу земји од Балканот, вклучувајќи ја и Македонија.

