Работниците на улица - протест за зголемување на платите
ССМ со работниците синдикалната борба за повисоки плати ја продолжија на улиците.
Без работници нема држава нема ниту власт Не ви се плашиме, ќе дојдеме пак порача синдикалниот лидер Слободан Трендафилов - предводејќи го маршот со пораката „Протестираме за плати“.
Работниците од пратеницитие пред Собранието побараа да се изгласа законот за минамална плата. Повисоки примања за сите побара претседател на ССМ Трендафилов - вклучувајчи ги и тие кои како што рече го чуваат законодавниот дом од нас.
Синдикалците на денешниот протестен марш застанаа пред зградата на Стопанските комори, вперувајќи го прстот и во нив за лошата економската состојба на работниците. Се протестира за поголеми плати, но и за почитување на колективните договори посочија гранковите синдикати за образование и култура.
Протестот го подржаа голем број граѓани упатувајќи повеќе пораки до власта. Пари им за сите особено за партиите истакна дел од гранковите синдикати од пред владата. Протестот започна и заврши мирно. Се најавија нови и помасовни протестни маршеви.

