Работниците контра министерката за култура, Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто
Синдикатот за култура реагираше дека вработените во институциите од културата со мартовските плати нема да добијат зголемување за 12, туку за два отсто.
Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска на посебна прес-конференција објаснуваше зошто во диспозитивот на решението стои минимална плата. Овие компоненти се непроменети, нема промена во општиот колективен договор, ниту во колектиниот договор на културата, вели Костадиновска Стојчевска.