Работнички и функционерски плати

Во август избраните и именувани функционери ќе ја добијат петта повисока плата за 78 отсто. По одлуката на Уставниот суд во март годинава, властите најавија дека ќе брзо ќе реагираат и со законско решение ќе си ги вратат платите на исто ниво. Но од март до денеска тоа не се случи. Ниту лавината од реакции во јавноста не ги премисли избраните и именувани лица како од власта така и од опозцијата побрзо да реагираат и во ова кризно време да направат корекција. ТВ24 побара објаснување од владата, до каде е новата најавена пресметка за функционерските плати, но од таму добивме само штур одговор.

„Се работи за законско решение со кое треба да се направат промени во повеќе области. Со цел реформата на пресметката на плати во јавниот сектор да биде соодветна и одржлива се организираат средби и состаноци помеѓу Министерството за информатичко општество и администрација, Министерството за финансии и Министерството за труд и социјална политика.“

Од партијата Левица велат дека ниту во парламентот нема искрени намери да се намалат функционерските плати. На автентичното толкување кои го поднесоа во собранието за зголемувањето на платите од 78 отсто, останатите пратеници не дадоа поддршка на платите да се намалат за 50 отсто. 

„Левица бара ваквата законска норма да се однесува на нето, а не на бруто-плата на вработен, со што актуелните плати на функционерите би се намалиле за околу 50%.“

А поранешниот министер за финансии Никола Поповски за ТВ 24 вели дека не гледа ништо спорно високите функционери да добиваат три до четири просечни плати месечно. 

 

„Јас и не мислам дека пратеник или министер треба да има помалку од три и пол просечни плати. Тоа не е превисоко. Во германија по 30 илјади им се ама просечната плата им е три до четири илјади, множено е исто. Ние ги м,ножимке со 500 – 600 колку што е просечната плата. И не гледам дека тука треба интервенција“, вели Никола Поповски поранешен министер за финансии.

На 21 март Уставниот суд донесе одлука да се укине член во законот за плати која ја држеше основицата на  ниво од 26 илјади денари. Потоа оваа основица се множи со коефициенити 4 или 3 во зависнот од државната функција која ја има именуваното или избрано лице. Највисока плата во моментов има претседателот на државата која изнесува нешто над 165 илјади денари месечно. Премиерската плата изнесува околу две илјади евра, а пратениците на своето конто добиваат по 1700 евра месечно. За 78 отсто раст на платата добија и судиите, градоначалниците, директорите на државните фирми, и агенции.