Работничка голгота
Foto

Работничка голгота

На работа во Италија, заглавени во Перуџа – 40 македонски работници бараат да се вратат назад во државата. Самостојно со автомобили се упатиле кон границата со Словенија од каде се вратени назад. Омер Џелиловски од Скопје кој од 2011 година заработува во Италија, а овој јануари се обидел среќата да си ја испроба како дрвосечач, за тв 24 вели дека групата работници е согласна да ги прифати сите државни мерки, само да бидат вратени назад кај семејствата. Тој вели дека досега институциите ги игнорирале

Омер Џелиловски работник во Италија – Ние си имаме сите наши коли, сите си прифаќаат луѓето да си одат во карантин, само да си дојдеме назад.

Кај сте сместени во Перуџа ?

Кој како си има пријатели и по куќи. Не те оставаат да шеташ, не можеш да излезеш . Поголемиот дел спијат и по хотели.

Има ли некој од вас симптми на грип ?

Никој засега нема покажано симптоми на грип, температура , кашлица,нема никој засега.

Групата работници се ставени на спиокот, мора да се има трпение и да не се преземаат самоиницијативни потези и движења кои може да бидат против мерките на италијанските власти, вели македонскиот конзул во Венеција Стојан Витанов. Во моментот 500 македонски граѓани од Италија сакаат назад и се прават сите напори за враќање но со хуманитарните летови кој ги организира државата.

Витанов за тв 24 вели дека ДКП-та во Италија и броевите на македонските дипломати овие недели се достапни 24 часа за контакт.

„Преку двете ДКП-а амбасадата и генералниот конзулат во Венеција се околу 500 граѓани. Ја апелирам, ја разбирам и нивната загриженост и паника која се ствара таму, нормално Италија е во тешка ситуација. Но, апелирам до нив и до сите други да имаат уште малку трпение, се прават сите напори за во најбрз можен рок да биде организирано за да може да се вратат луѓето во нашата држава.“ - вели Стојан Витанов конзул во Венеција Италија.

Според МНР групата од Перуџа барала приватен карантин, но денеска се повторно исконтактирани. Државниот секретар во МНР Зоран Попов вели дека телефонските бореви во министерството се достапни цело време и контактираат со граѓани кои бараат помош.

„Она што можам одговорно да го потврдам е дека горе во Кризниот штаб на Министерството за надворешни работи 20 луѓе работат на тоа и секој е поеддинечно исконтактиран. Согласно информациите со кои јас располагам потврдено ми е дека тие лица, да, се телефонски контактирани, но одбиле државен карантин и дека на своја рака продолжиле кон Словенија од каде беа вратени.“ - вели Зоран Попов државен секретар МНР.

Инаку согласно приоритетите и бројките Кризниот Штаб на Владата секое утро се состанува, додека попладнето се носат одлуките. Два дена претходно се информира за летовите кои се организираат, а јавноста дополнително ќе биде известена за летовите од Италија.

0 Коментари

Остави коментари