Работна терапија за зависниците од Струмичко
Foto

Работна терапија за зависниците од Струмичко

Вака раскажува зависник кој е вклучен во „Академија за реинтеграција на маргинализирани лица“ на здружението „Избор“ во Струмица со цел полесна ресоцијализација и интеграција после процесот на рехабилитацијата од зависности. Не само ова лице, во Академијата каде се стекнуваат работни вештини вклучени се повеќе лица кои се на програмата за апстиненција од зависности во Струмица.

Академијата која е резултат на регионален форум за социјална инклузија ја посети и заменик-министерот Зоран Димитровски. Тој посочи дека овој  пример треба да се имплементира и во други региони се со цел подобра инклузија на зависниците кои ќе го поминат процесот на рехабилитација.

Проектот „Академија за реинтеграција на маргинализирани лица“ го имплементира Центарот за развој на Југоисточниот плански регион со здружението „Избор“, а финансиски поддржан од швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа. 

Тие обезбедија над 6 милиони денари за да се набави опрема и машини со кои зависниците ќе стекнуваат работни вештини.

0 Коментари

Остави коментари