Работна група со земјите од регионот за справување со аерозагадувањето

Министерството за животна средина и Светска банка покренуваат заедничка иницијатива со земјите од регионот за една работна група што ќе се справува полесно со аерозагадувањето.

По препорака на експертите од Светска банка ќе се собираат податоци за привремено решавање на овој проблем со прочистувачи за најранливите категории на граѓани. Се проценува дека 4,2 милиони луѓе умираат од аерозагадувањето секоја година.