Путин одново го крена светот на нозе - НАТО се мобилизира, Макрон бара преговори

Нови заострени санкции против Русија. За ова разговатаа министрите за надворешни работи на ЕУ кои се состанаа вонредно на дебатата од Генералното собрание на ЕУ.

Жозеп Борел, рече дека министрите се согласиле да продолжат и да ја зголемат својата воена поддршка за Украина и да го разгледаат новиот пакет санкции насочени кон руски поединци и одредени сектори на руската економија. 

„Дополнителни рестриктивни мерки против Русија ќе бидат донесени веднаш, што е можно поскоро, во координација со нашите партнери. И сакам особено да нагласам еден важен елемент. Во согласност со повелбата на ОН и меѓународното право, Украина го користи своето легитимно право да се брани од руската агресија за да ја врати целосната контрола на својата територија и има право да ги ослободи окупираните територии во нејзините меѓународно признати граници.“ - Жозеп Борел-висок претставник за надворешна политика на ЕУ.

Францускиот претседател пак со порака: Конфликтот меѓу Русија и Украина „ќе заврши само на преговарачка маса“. Тој за повикот на Путин за мобилизација смета дека Русија одлучила „да направи чекор кон ескалација“, истовремено обидувајќи се да го „уцени“ Западот со нуклеарно оружје. Министрите на ЕУ следниот состанок ќе го одржат во средината на октомври, кога се очекува да биде официјализиран пакетот санкции. и шефовите на Групата седум индустриски најразвиени земји во светот ветија нови санкции против Русија по најавата на Москва за делумна мобилизација. 

Инаку Русија ослободи украински воени заробеници, додека Украина врати 55 руски заробеници, меѓу нив и многу вредниот украински бизнисмен Виктор Медведчук. Володомир Зеленски пак вели дека ослободувањето на луѓето е голема победа, без да се откријат големи тајни. 

„Можам да кажам дека можевме да го замениме Медведчук за еден наш херој од Азов, но вративме повеќе луѓе.“ - Володомир Зеленски.

Во повикот за мобилизација влегуваат и руските пратеници, а граѓаните на Русија се борат за карта повеќе за да ја напуштат земјата.  Авионските билети на црниот пазар достигнале цена од вртоглави 10.000 евра.